Забрзано се гради третата галија во Вардар

Третата и најголема галија на Вардар, која ќе има и хотелски соби, се гради во моментов. Бродот е поставен помеѓу двата нови моста, Мостот на цивилизациите и Мостот на уметноста, a ќе биде со едра долги 35 метри и главно ќе се изгради од дрво.

На објектот, неделава активно работеше градежната механизација, а веќе се гледа конструкцијата на галијата. Таа ќе биде изградена по оригиналот на најпознатиот англиски воен брод на Кралската морнарица од пред два века „Виктори“, пишува Вечер.

Сопственикот на оваа галија за Вечер изјави дека дека, поради сложеноста на изведбата на овој објект, тој нема да биде готов за посетителите ова лето.

1500viktori-kje-ja-kompleti

Се предвидува галијата да има 16 хотелски соби и два апартмани. Бродот е долг 30 тина метри, широк 16, а ќе има три ката.

Со овој објект сопственикот ќе стопанисува 10 години, а на Град Скопје ќе му плаќа месечна кирија од 36 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.