Зачинете го сексуалниот живот со три европски пози

Сексуалните терапевти на американскиот портал „Men’s Health“ препорачуваат во својата спална соба да внесете малку европски дух и на тој начин да се забавувате на начинот на кој тоа го прават паровите ширум Стариот континент.

Ова меѓународно и многу секси „патување“ можете дополнително да го зачините со странски нагласок или играње на улоги во кои еден од вас е странец на кој му е потребна помош да се снајде. Всушност, не се сомневаме дека ќе го пронадете начинот кој најмногу ви одговара за максимално да уживате во овие пози.

1. Слон

Една од омилените пози во Италија и Франција се нарекува и „мрзеливо куче“. Таа подразбира дека жената треба да лежи на стомак, со издигната карлица на тој начин што перницата доаѓа под нејзиниот долен дел на стомакот за да можат колковите да бидат во воздух. Мажот е позади неа и со рацете се придржува на тој тој начин неговото торзо да остане во воздух, додека со нозете е потпрен за партнерката.

Станува збор за своевиден вид на кучешка положба во дозволува нешто повеќе романтика бидејќи телата се близу, па партнерите можат да разменуваат бакнежи, а парницата под нејзиниот стомак овозможува подобра стимулација на Г-точката.

par-u-krevetu-1414870142-50519

2. Лотос

Во Шпанија оваа поза е многу застапена, пишува „Men’s Health“. Со неа се подразбира следново: жената седи во скутот на мажот на тој начин да може нозете да ги „замота“ околу неговата половина, па нивните тела да создадат облик на цвет. Оваа поза за Шпанија е своевиден симбол на сексуалната слобода бидејќи на тој начин во земјата во 70-те години на минатиот век биле забранети филмови кои содржеле експлицитни секс сцени.

„Шпанците масовно заминувале во Францијата за да го гледаат „Последното танго во Париз“, а во тој филм се прикажува токму оваа поза. Во неа љубовниците се припиени еден за друг и се гледаат во очи“, објаснува професорката по сексологија Белен Молинево од Универзитетот во Мадрид.

par-1416689218-51503

3. Мисионерска поза со став

Оваа поза е многу популарна во Холандија. Изгледа вака: жената лежи на грбот, а рацете и нозете и се целосно раширени. Како што објаснуваат сексолозите, оваа положба симболизира отвореност кај жената-љубовница, како и нејзината ранливост преку што во сексот се внесува доза на сензуална еротика.