вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 31

Зачувајте го сјајот на бојадисаната коса

За зачувување на интензитетот на кафеава боја, направете си маска за коса од едно јајце и една шолја кафе...

landscape_nrm_1423069350-cos-long-hair

Последни вести

Свежо бојадисаната коса навистина изгледа прекрасно, но со секое миење тој сјај исчезнува. За да го спречите губењето на бојата, погледнете ги овие едноставни совети.

Руса коса – Русокосите можат да го зачуваат сјајот на својата коса користејќи камилица. Еднаш неделно, наместо со обична вода, мијте ја косата со чак од камилица.

Кафеава коса – За зачувување на интензитетот на кафеава боја, направете си маска за коса од едно јајце и една шолја кафе. Нанесете ја маската 20 минути пред миење на косата, а потоа измијте ја со шампонот што го користите.

Црна коса – Постојаноста и сјајот на црната коса можете да ги одржувате со помош на пиво. Измешајте две лажички пиво со половина литар вода. Со оваа мешавина измијте ја косата, оставете ја да дејствува неколку минути, а потоа темелно измијте ја со вода.

Црвена коса – Црвената боја најбрзо го губи сјајот. За да го зачувате интензитетот на црвената боја, косата мијте ја со сок од брусница. На овој начин, вашата боја ќе биде подолготрајна, а косата посјајна.

Најчитани вести