Зад истражувањето на „Еврометар“ стои опозиционерката Лидија Димова

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) стои зад анкетното истражување „Еврометар“, кое денеска беше пренесено од страна на медиумите блиски до опозицијата, а истражување според кое  дури две третини од испитаниците одговориле негативно на прашањето дали слободно го кажуваат своето мислење, пишува Курир.

Ваквите резултати од истражувањето на „Еврометар“ не се никакво изненадување ако се земе во предвид кој стои зад ова истражување, односно организација која е директно раководена од сопруг на висок фунцинер на СДСМ, како и актуелен партиски функционер на СДСМ и поранешен директор на оваа организација.

Имено, како што е познато во јавноста, зад МЦЕО стои Бојан Маричиќ, кој е сопруг на поранешната пратеничка Маринела Тушева, како и Лидија Димова. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ многу пати досега јавно обвинуваше дека МЦЕО е еднаква на СОРОС и дека МЦЕО постои само затоа што е добро платена од Владе Милчин и неговата СОРОС-Македонија.

Јавноста ја памети Лидија Димова како личност која во април минатата година како претставник на НВО Македонски центар за европско образование во Брисел скандалозно побара укинување на средствата кои Европската унија ги дава за поддршка на Македонија, не криејќи дека е во тесна соработка со Фондацијата Сорос.

Од друга страна, Димова, долго време лажно се претставуваше како независен експерт, а денес е и претседател на советот за ЕУ интеграции во СДСМ и пратеник од оваа партија.

afera_thumb_medium500_239

Поради ова, познавачите коментираат дека анкетното истражување на Еврометар не е ништо друго, туку само еден провиден обид за манипулација на јавноста, преку фингирани извештаи во кои никој не верува. Повеќе од јасно е дека зад ова истражување стојат Лидија Димова и луѓе од СДСМ.