Задоволните инвеститори реинвестираат, можност за нови вработувања

До крајот на годинава, надлежните најавуваат нови странски инвестиции. Со неколку компании надлежните се во завшна фаза од преговорите, додека неколку од нив дури имаат и интерни одлуки донесено. Но, поради тоа што овие компании се листирани на светски берзи, многу е сензитивно на кој начин таа информација ќе се пласира, велат од тимот за привлекување на странски инвестиции. Се очекува во следниот период, до средината на декември, некоја од овие компании и официјално да ја сподели информацијата за влез на македонскиот пазар.

Дел од овие компании доаѓаат од автомобилскиот сектор, а дел од други индустрии. Во Скопје е најавено дека ќе се позиционира и уште една компанија од Израел, а две компании влегуваат во битолската зона Жабени.

Во првите десет месеци од годинава, извозот од зоните надмина 1,2 милијарди евра, со што веќе се надмина извозот од цела 2014 година, покажуваат статистичките податоци. Оваа година, според надлежните, извозот ќе надмине 1,4 милијарди евра. Според, Мизо, Ако минатата година се креира една додадена вредност од околу 140 милиони евра, за првите 10 месеци од годинава веќе има 50% зголемување на таа додадена вредност, и до крајот на годината може да се очекува надминување на 200 милиони евра.