Задожителна едукација на ОИК пред изборите на 11 декември

Тимови на Државната изборна комисија денеска, утре и во четврток ќе ја одржат последната серија работилници за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред Предвремените парламентарни избори 2016 година закажани за 11 декември.

Работилници денеска ќе се одржат во Скопје, Штип, Прилеп, Битола. Утре тимовите на ДИК ќе бидат во Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и Гостивар, а во четврток едукацијата на општинските изборни комисии ќе се одржи во Куманово.

На работилниците ќе биде презентиран и едукативниот видео прирачник, кој Државната изборна комисија го изготви со помош на Мисијата на ОБСЕ.

На работилниците ќе можат да присуствуваат и акредитираните набљудувачи, како и претставници на медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.