сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 21

Задутре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

132478372

Последни вести

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер најавуваат метеоролозите за среда и четврток.

Под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 70 км/час) и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Најчитани вести