Заеднича изјава на Делегацијата на ЕУ, амбасадата на САД, ОБСЕ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје

Во заедничка изјава на шефовите на Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје за инцидентите во Собранието се посочува дека „демократскиот процес мора да оди по својот текЕ

„Се состанавме за да разговораме за многу сериозните инциденти во Собранието и да ја разгледаме безбедносната состојба. Најсилно го осудуваме организираниот напад на Собранието што се случи на 27 април. Изразуваме сериозна загриженост за тоа дека властите не успеаја да го спречат и не ја овозможија потребната безбедност на членовите на Собранието и присутните новинари.

Напад на државна институција која е во срцето на демократијата е напад врз демократијата. Очекуваме дека овие злосторства ќе бидат испитани брзо, организаторите и извршителите на нападите ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а судовите ќе дејствуваат самостојно.

Очекуваме, исто така, дека државните институции брзо ќе извлечат заклучоци и ќе преземат соодветни мерки. Ги повикуваме сите учесници да се однесуваат одговорно и да придонесат за мирен демократски процес кој мора да оди по својот тек.

Ги повикуваме сите граѓани да се воздржат, да избегнуваат провокации и да останат смирени. Насилството не е патот напред за земјата и нејзиното општество“ се вели во изјавата на дипломатските претставници во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.