Магазин

Заедничка изложба на седумнаесет македонски сликари

Заедничка изложба на седумнаесет македонски сликари

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 18 септември (четврток) во 12:00 часот ќе биде отворена заедничка изложба на седумнаесет истакнати македонски сликари од сите генерации.

Со свои дела се претставуваат Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Симон Шемов, Ниче Василев, Паскал Гилевски, Новица Трајковски, Стефан Хаџи-Николов, Димитар Малиданов, Драги Хаџи-Николов, Доне Миљаноски, Методија Николовски, Боро Митриќески и Илија Аџиевски.Изложбата ќе ја отвори Раде Силјан.

Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 18 октомври.