Заедничка седница на македонската и косовската влада во април

Косовскиот премиер Иса Мустафа на последната седница на владата во Приштина соопштил дека за наредниот месец е планирана заедничка седница на владите на Косово и на Македонија.

Според него, на состанокот се очекува да се постигне договор за одредени прашања кои ќе ја олеснат соработката, пред се во економската сфера.

Македонската влада веќе имаше заеднички седници со владите на Србија и на Бугарија.