Балкан

Заедничка владина седница на Србија и Словенија

Заедничка владина седница на Србија и Словенија

Во Љубљана денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Србија и Словенија, јавува Танјуг. Премиерот на Србија Александар Вучиќ по седницата ќе се сретне и со претседателот на Словенија Борут Пахор.

Како што се најавува, пред заедничката седница премиерот Вучиќ ќе има одвоена средба со словенскиот колега Миро Церар, а истовремено ќе бидат одржани и билатерални средби на ресорните министри и генералните секретари на двете влади.

По завршувањата на заедничката седница се предвидува потпишување на договори.

Инаку, претходно, владите на Србија и Словенија се одржа во октомври 2013 та година во Белград.

На седницата на владата на Србија и Словенија ќе присуствуваат министрите на двете земји, задолжени за внатрешни и надворешни работи,  технологија, одбрана, финансии, енергетика, здравство, образование и наука, спорт, култура,  земјоделство, како и генералните секретари на двете влади.