Заеднички контакт центар на граничните полиции на Македонија и Косово

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на граничниот премин „Долно Блаце“ заедно со својот косовски колега Скендер Хисени ќе го пуштат во употреба новиот заеднички контакт центар на граничните полиции на двете земји.

Како што е најавено, на пуштањето во употреба на заедичкиот контакт центар ќе присуствува и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.

фото: МИА