Заеднички патроли на српската и унгарската полиција

На српско-унгарската граница од следната недела ќе работат заеднички патроли во кои освен полицајците од Србија ќе учевствуваат и унгарски полицајци, соопшти Едина Арваи портпаролка на унгарската полициска управа.

Таа доаде дека пред два дена започнала заедничка подготовка за патролите да започнат со работа следната недела.

Министрите за внатрешни работи на Србија и Унгарија потпишаа договор во 2013 година за ефикасен настап против илегалната миграција која од азиските држави преку Србија илегално влегуваат во Унгарија и оттаму во земјите членки на ЕУ.