Заеднички проект на СКМ и УКИМ: Претприемништвото- иднина на студентите

Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје започнаа нов pроект: „Претприемништвото – иднината на студентите“, со цел развој и промоција на претприемништвото и претприемничкиот дух кај студентите.

Овој проект, кој ќе опфати околу 100 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ќе им помогне на младите претприемачи да остварат директни контакти со успешни бизнисмени од реалниот сектор, да ги стекнат потребните вештини и на тој начин полесно да се справат со предизвиците на пазарот на трудот.

Со цел успешно реализирање на Проектот: „Претприемништвото – иднината на студентите“, Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при УКИМ ќе потпишат меморандум за соработка заради зајакнување на соработката меѓу бизнис-секторот и студентските организации.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат студенти и претставници од компании кои ќе го поддржат овој проект и директно ќе се вклучат во неговата реализација.