Заедничката седница на Владата и еврокомесарот Хан не може да придонесе за суштински напредок

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, се очекува да присуствува само еден час на владината седница, којашто ќе биде посветена на реформите, но прашање е колку за овој термин може да се разговара за суштински работи, односно дека оваа посета не претставникот на ЕУ има повеќе цел да го стабилизира и забрза вистинското започнување на работа на изборните ветувања.

Според сѐ судејќи, посетата на еврокомесарот Хан има недвосмислена цел да се даде поддршка на поставената влада на Зоран Заев, по очигледните перцепции дека новиот инсталиран премиер освен со изјавите кои ги иритараат мнозинството македонски избирачи не може да го започне ветениот реформски курс.

Покрај тоа, јасно е дека Заев се соочува и со одредени фрустрации во процесот на заокружувањето на водечите ешалони на власта, што произлегува како од превирањата во неговата партија, уште повеќе и од очекувањата да се остварат ветувањата дадени на неговите коалициски партнери од албанскиот корупс.

Така весникот на албански весник Коха во петокот пишуваше дека Владата на Зоран Заев може веќе во септември да се соочи со гласање за доверба во септември, а тоа може да биде лошо доколку нацрт-законот за употреба на јазиците не добие зелено светло.

Повикувајќи се на сигурни извори од партијата ДУИ, Коха посочува дека СДСМ се обидува да го одложи донесувањето на законот за јазици сѐ до завршувањето на локалните избори, со цел да не им се остави простор на ВМРО-ДПМНЕ да го критикуваат Зоран Заев дека има спроведено двојазичноста во Македонија.

Сепак, овој обид нема да биде лесен за СДСМ. Висок партиски функционер од ДУИ за весникот изјавил дека партијата ќе побара гласање за доверба, доколку владата три недели по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, нацрт-законот за употреба на јазици не го стави како предлог во Парламентот.

„Хан доаѓа во Макеоднија, а тогаш Али Ахмети ќе го извести дека за законот за јазици можеме да почекаме една недела, две недели, па три недели … но ни ден повеќе. Нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик со кој се согласивме со СДСМ, му овозможи на Заев да добие мандат и да формира Влада. Тој закон мора да биде ставен како предлог во Парламентот. Во спротивно, ДУИ ќе бара гласање за доверба на новата влада. Тоа не е притисок, туку беше главен услов на ДУИ со кој и се овозможи на СДСМ да дојде на власт и тој услов треба да се спроведе што е можно побрзо“, изјавил за весникот Коха висок функционер од партијата на Али Ахмети.

Според најавата, Хан во Скопје прво ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и претставници на Владата, а потоа ќе присуствува на владината седница посветена на итните реформски приоритети за евро-атлантските интеграции.

Во изјава дадена пред неговото доаѓање во Македонија, Хан посочи дека доаѓа за да даде поттик на спроведувањето на реформите. Но јасно е дека за еден час, колку што Хан ќе присуствува на владината седница не може да се направи никаков напредок, туку реформите само ќе се пролистаат, а од тоа ќе се прави медиумски спектакл.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.