Заедно во пијанство и во смрт, двајца другари починаа од ракија

Седумдесетгодишниот Михаил Кулчар и неговиот помлад пријател, педесет и четиригодишниот Данило Ромчек од Суботица починале заедно од труење со алкохол.

Тие се пронајдени мртви во куќа во Суботица.

-Прво починал Ромчек и неговото тело веќе било во фаза на скапување кога е пронајден. Кај него на црниот дроб откриен е метастазиран тумор, но тоа не било причина за смртта туку алкохолот. Михаил починал 48 часа по Данило, а се претпоставува дека алкохолот исто така бил причина за смртта. Дополнително ќе се утврди дали пиеле отровна ракија или само внеле поголемо количество алкохол- велат од полицијата.

Постариот цели два дена бил во просторијата во која мртов лежел Данило, без да извести никого.

-Ги видов пред четири дена. Фрлаа во дворот некои пластични шишиња. Нон-стоп биле пијани, ретко кога биле трезни. Кој знае, можеби мислел дека Данило спие, па затоа никому не јавил, велат соседите.

Куќата во која се пронајдени била на Михаил, а Данило од неодамна престојувал кај него, најверојатно зошто немал каде. И двајцата пиеле многу, а Михаил имал пензија, додека Данило не работел ништо.

Михаил своевремено бил оженет, но сопругата заедно со ќерката го напуштила. Потоа довел некоја друга жена да живее со него, но таа починала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.