Заем од 330 милиони евра на Албанија од ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри заем на Албанија во вредност од 330,9 милиони евра.

Кредитот се доделува во рамките на постигнатиот тригодишен договор за соработка меѓу ММФ и Владата на Тирана.

Првата транша од 100 милиони се очекува да биде пуштена овој месец, пренесе МИА.