Заев: Ако не во оваа собраниска сала, спикер ќе избереме во друга сала!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска за првпат зборуваше на конститутивната седница во Собранието.

Тој посочи дека мнозинството има обврска да го деблокира Собранието.

Mнозинството ќе избере претседател во оваа сала, во друга сала на скалите на ова Собрание ако треба, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ. Заврши времето кога можевте да ги кршите Уставот и законите, немате мнозинство во Собранието не сте ни 51 пратеник. Ние имаме мнозинство од 69 пратеник! Ако не престане ова насилство од малцинството во Собранието, ќе се избере спикер во друга сала – изјави Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.