Македонија,Политика

Заев бара да има избори во Македонија, се’ додека СДСМ не победи?!

Заев бара да има избори во Македонија, се’ додека СДСМ не победи?!

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, по завршување на гласањето денеска, на прес-конференција побара нови избори, иако сегашниве сеуште не се завршени.

Тој рече дека СДСМ не ги признава изборите, поради наводни нерегуларности, но без да наведе барем еден цврст аргумент за тоа. Тој во името на својата партија побара формирање на техничка влада.

Од друга страна, истовремено, прес – конференција одржа и ВМРО ДПМНЕ. Антонио Милошоски на обраќањето пред новинарите рече дека ова се најмирните и најдемократските избори во историјата на самостојна Македонија. Тој рече дека биле регистрирани дузина нерегуларности во општините во Македонија каде опозицијата има свои градоначалница, а особено во Струмица.

И според МВР, денешното гласање минало мирно. Министерот Гордана Јанкуловска информирше дека единствено во струшкото село Велешта имало мал инцидент, кој полицијата го решила експресно брзо.

Според неофицијалните сознанија на Нетпрес од теренот, СДСМ минал катастрофални лошо на денешното гласање, со минимален број на гласови.

Медиумите и интернет порталите под контрола на опозицијата, во текот на денот, постојано лиферуваа информации, од кои најголемиот дел непроверени, дека имало наводни нарушувања на гласачките места.

Според политичките аналитичари, очигледно е дека опозицијата е заложник на непресметлив човек, кој во своето тонење сака да ја вовлече и Македонија. Ова е уникатен пример, на ден на избори да се бараат нови избори, оценуваат познавачите.