Заев бара нова истрага за Младенов

По дводневните насилни протести, лидерот на СДСМ Зоран Заев продолжи со објавување на креирани телефонски разговори.

Овој пат објави повеќе телефонски разговори, во кои требаше граѓаните да го слушнат она што тој веќе во повеќе наврати го најавуваше, кој стои зад смртта на Никола Младенов.

Како и вообичаено, јавноста не го доби очекуваното, наместо докази за наместено убиство, како што од самиот почеток тврдеше опозицијата, денешната пресконференција се сведе на потврда дека смртта на Малденов е несреќен случај. Сепак, Заев побара да се спроведе нова истрага за смртта на новинарот, притоа посочи дека нема вистински докази за тоа кој или дали воопшто некој стои зад смртта на Младенов.

Пред пресконференцијата, симболично, во знак на протест против насилството врз новинари и камермани на двата изминати протести, камерманите ги спуштија камерите, а камерманот на ТВ Сител на Заев му го врачи Уставот на Република Македонија.

Во најава дека сеуште ќе има протести Заев апелираше демонстрантите да се однесуваат примерно и посочи дека провокатори секогаш ќе постојат и дека за се што ќе се случи одговорноста е нивна.