Заев бара од Иванов да му го додели мандатот за формирање влада

Очекувам претседателот Ѓорге Иванов да ми го додели мандатот, бидејќи  се друго би било кршење на Уставот.изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес – конференцијата во седиштетот на СДСМ.

„Никола Груевски никогаш нема да биде премиер. Груевски го нема потребното мнозинство да формира влада. Македонија нема време за губење. Очекувам Иванов да ми го додели мандатот, сите поинакви опции ќе значат кршење на уставот и злоупотреба на функцијата“, изјави Заев.

Тој рече дека СДСМ е била подготвена за формирање на влада која ќе ги спроведе договорите од Пржино и итните реформски приоритети исклучиво во служба на граѓаните, а владата која тој ќе ја предводи ќе гарантирала дека сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност ќе имаат исти права.