Заев демаскиран, пораките на Верушевски ја покажаа нивната меѓусебна тесна соработка

Лидерот на СДСМ Зоран Заев целосно демаскиран пред очите на јавноста. Народот сфати дека токму тој стои зад целата операција со нелегално прислушување кое е во интерес на странските служби. Заев директно ја загрозил приватноста на граѓаните од кои сега лицемерно ја бара нивната доверба, објави Курир.

Двете лица кои биле оперативците во МВР дадоа сведоштва и признале дека биле ангажирани и работеле по директни наредби на Верушевски кој им ги давал броевите кои биле предмет на прислушување, а тие ги внесувале броевите во системот. Прислушувањето го правеле тајно без да знае никој од МВР, а за возврат биле богато финансиски наградувани.

Вчерашното објавување на кодираните пораки со кои комуницирало семејството Верушевски покажаа дека лидерот на СДСМ тесно соработувал со Верушевски при спроведувањето на оваа нелегална активност, како и нејзино искористување за заканување и уценување.

Иако лидерот на СДСМ долго време тврдеше дека не го познавал Верушевски, пораките докажуваат  дека тие двајца тесно соработувале и се договарале околу сите чекори кои ќе ги превземат поврзано со прислушувањето и употребата на материјалите.

Пораките докажуваат и дека Заев му плаќал на Верушевски за реализација на операцијата што се потврдува од пораките во кои се вели дека лидерот на СДСМ треба да купи автомобил за синот на Верушевски, компјутер, но и да ги плаќа адвокатите на Верушевски. Понатаму, истите се потврда дека Заев сакал да се пазари со материјалите кои ги добивал од Верушевски, и се заканувал со тие материјали за што е обвинет.

poraki500

Пораките, меѓу останатото, покажуваат и дека Верушевски го советува Заев да оди на револуција, совет кој најверојатно опозицискиот лидер го прифаќа и вика дека нема да оди на првна туку на политичка разрешница, па по партиските штабови подготвува луѓе со палки кои тренираат. Сепак, треба да знаат дека народот тоа не го прифаќа и децидно го одбива сценариото на насилство.

Јавноста е фрапирана од комуникацијата помеѓу членовите на семејството Верушевски со бројки, а не со букви како што сите комуницираат. Голем дел од нив кои своите коментари ги искажуваат и на социјалните мрежи велат дека само лица кои се виновни за криминал се однесуваат на ваков начин.

komentar2-500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.