Заев денеска ги слушаше прислушуваните разговори за „Поткуп“

Снимката во предметот „Поткуп“ против премиерот Зоран Заев не се пушти во судница ниту на денешното рочиште. Апелација се уште нема одлучено дали јавноста ќе ја види целосната снимка од разговорот помеѓу Заев и струмичкиот бизнисмен Иван Николов. Повеќе од еден час денеска без присуство на новинарите Заев во судница ги слушаше останатите телефонски разговори обезбедени со посебни истражни мерки.

Заев вели дека Специјалното обвинителство поседува повеќе 10.000 негови телефонски разговори поврзани со овој предмет. Дел од нив се обезбедени со пи мерки, а останатите нелегално.

Адвокатите на премиерот Зоран Заев побараа исказот на клучниот сведок во предметот Поткуп да не се смета за доказ. Според одбраната струмичкиот бизнисмен Иван Николов е агент-провокатор, а не сведок и судската пресуда не може да се темели на неговото сведочење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.