Заев денеска на суд за случајот „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави на суд за случајот „Поткуп“.

За овој случај се појави видео снимка според која тој наводно бара мито од едно евро за квадрат од струмички бизнисмен. Снимката беше објавена на Јутјуб во времето кога Заев ги објавуваше „бомбите“, односно снимените телефонски разговори на поранешната власт.

Видеото беше дел од посебни истражни мерки и поради тоа адвокатите на Заев бараа тоа да не биде доказ во постапката.