Заев денеска треба да се јави на распит за случајот „Пуч“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“.

На последниот распит му биле предочени доказите, за кои тој се бранел со молчење.

Заев е четвртоосомничен во случајот „Пуч“, а покрај него осомничени се и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, неговата сопруга и вработен во општина Струмица.