Заев денeска на распит во Обвинителство

Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска треба да се појави на распит во основното Јавно обвинителство, под сомнение за изборни измами, односно за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Како што објави вчера Нетпрес, од извори во истрагата,  делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.

Покрај Зоран Заев, на распит во Обивнителството се повикани и лица одговорни за финансиите во СДСМ, како и финансиското работење на партијата.

За него и за други раководни лица од партијата се покренати две истражни постапки за злоупотреба на финансирање на изборна кампања за време на изборите во 2014-та и декември 2016-та година.

 

Од ОЈО информираа дека како сведоци, досега биле сослушани повеќе од 70 лица.

Неофицијалните информации на Нетпрес велат дека осомничени за изборни измами во истрагите кои ги води Основното јавно обвинителство се и Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и бившот министер во МВР од редовите на оваа партија, Оливер Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.