Заев: ДИК ќе каже кога ќе има избори

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во дневникот на Сител рече дека ДИК ќе каже кога ќе се одржат предвремените избори.

Заев за прв пат не излезе со тврд став дека изборите нема да се одржат на 24 април.

Тој потенцираше дека треба подолго време за да се пречисти избирачкиот список, но не излезе со конкретен рок.

Господине Заев, кога сакавте да учествувате на локалните избори во 2013 година рековте дека списокот може да се пречисти за 15 дена, рече Латас.

Оставете што сум рекол тогаш, реплицираше Заев.