Заев: Директорот на Агенција за млади и спорт не е должен да чита

Според премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт е Дарко Каевски е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција.

–  Тој вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита се што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финанисирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и детали и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично  – рече  Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го разреши Каевски.

По скандалот со објавената збирка поезија од страна на Агенцијата за млади и спорт, директорот на оваа институција Дарко Каевски денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Според него, институциите мораат да бидат внимателни, посочувајќи дека функционираат стари комисии, раководителите на секторите и на одделенијата се стари, законите се бетонирани и затоа е многу комплицирано да се функционира во институциите