Заев добил охрабрувачки пораки од еврокомесарот Хан

Задоволство од денешниот состанок со еврокомесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан, изрази премиерот Зоран Заев и притоа истакна дека со Хан имале „многу конструктивна“ и отворена „размена на мислења“ во однос на перспективите на Република Македонија и оти негов впечток е дека добил огхрабруваки пораки од еврокомесарот и оти евроинтеграцискиот процес „го придвижуваме“ напред

Пред да зборува за содржината на состанокот со комесарот, Заев изрази „големо задоволство“ за можноста денес да имасредби и со претседателoт на Европскаа комисиј Доналд Туск, и со потпретседателот на Европската комисија и Висок претставник, Федерика Могерини, и ја најви подоцнежната средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Се согласивме дека Македонија, како и останатиот дел од државите од западен Балкан се партнери на ЕУ и дека сега ни треба поддршка повеќе од кога било, во смисла на сигнали и придвижување во однос на интеграциите во ЕУ. Им благодарам за охрабрувачките пораки кои што денеска ги примивме токму од нив“, рече Заев и посочи дека станува збор за негова прва посета на Брисел во својство на премиер со што се покажува „нашата јасна ориентација и посветеноста на мојата влада за да го зајакнеме процесот на интеграциите во ЕУ. За нас членството во ЕУ нема алтернатива“

Заев истакна дека членството во ЕУ е клучен стратешки приоритет на Република Македонија и дека целта на неговата влада е да ги отпочне преговорите за членство што е можно побрзо.

„Македонија е земја кандидат за членство од 2005 година и се уште ги нема започнато преговорите за членство. Верувам дека ќе се согласите со мене дека е крајно време овој процес да се придвижи нанапред“, рече премиерот.

Заев предочи дека му е јасно оти поддршката што ја ужива од Брисел во моментов треба да биде оправдана со вистинските резултати коишто треба да се постигнат на домашен план, и посочи дека тие ќе бидат во прв ред насочени кон зајакнување на судството, владеењето на правото и реформите во јавната администрација.
„Затоа ми причинува особено задоволство што ја имав можноста да разговарам со комесарот Хан за итните реформски мерки кои се потребни за да Комисијата може да ги тргне условите од препораката за започнување на преговори за членство. Ќе ги продолжиме нашите дискусии и блиски консултации токму во таа насока“, прецизираше Заев.

Истакна дека во делегацијата којашто во понеделникот ја предводеше во европската престолнина се и вицепремиерот вропски интеграции, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, бидејќи, како што рече Заев, целата Влада ќе треба да направи напор, во отворен дијалог со опозицијата и граѓанското општество да направи исчекор напред.

„Мојот план е да подадеме рака и да обезбедиме широк инклузивен процес во општеството и поддршка за реформите“, порача Заев.

Развој на добрососедските односи е друг важен дел од неговата програма и Заев смета дека потребни се добри и силни односи, соработка со соседите, кои ќе бидат базирани на заедничка почит. Порди тоа, најви дека неговата прва билатерална посета ќе биде овој месец ќе биде во Софија, на којашто со бугарскиот премиер Бојко Борисов за тоа како може да се зајакнеме соработката и да изградиме мостови за заемна поддршка.

Исто така, министерот за надворешни работи Димитров ќе отпатува во Атина во среда со цел да отвори нови можности за поблиска политичка соработка, најави премиерот.

Инфромираше дека во текот на средбата со Хан било разговарано за Транспортната заедница и договорот што ќе биде потпишан на Самитот во Трст, при што од страна на Заев бил искажан интерес Македонија да биде домаќин на седиштето на Секретаријатот на Транспортната заедница. Исто така, дал целосна поддршка на иницијативата за Регионална економска интеграција која на Берлинскиот процес ќе му даде дополнителна суштина.

„Би сакал да кажам нешто за заедничките предизвици со коишто се соочуваме сите заеднички: миграцијата, борбата против тероризмот, радикализмот и насилниот екстремизам кои се многу важни заеднички предизвици кои подеднакво не загрижуваат сите нас. Токму затоа овие предизвици бараат заеднички и глобален пристап и ангажман за нивно решавање. Во таа смисла, дозволете ми да ја подвлечам нашата посветеност да работиме заедно со ЕУ на соочување со овие предизвици бидејќи тие не запираат на ниту една граница, ниту, пак, постои држава која е имуна на овие предизвици“, заклучи Заев.
„Како што реков и во изјавата, тоа беше дел и од разговорите со комесарот Хан. Имаме намера да ја придвижиме Македонија многу брзо кон целосна интеграција во Европската унија, секако соодветно на чекорите коишто претстојат, преку повик и вградување на опозицијата, граѓанското општество и сите други чинители коишто имаат свој капацитет и можат да помогнат во овој процес. Уште во процесот на формирањето на Владата ги испративме пораките на соработка, на инклузивност внатре. Како што знаете првпат од самостојноста на Македонија, предадовме мнозинство во комисиите во парламентот, неколку на број да бидат токму водени од опозицијата заради тоа што ако имаме успех на овој пат, успехот ќе биде заеднички и на власта и на опозицијата, и на граѓанскиот сектор и на сите коишто ги повикуваме и еве овде од Брисел, да се вградат и да придонесат кон брзо чекорење кон добивање на датум за преговори и секако полноправно членство на Македонија во Европската унија“, одговори Заев на новинарско прашање дали неговата влада има капацитети и конкретна агенда да испорача резултати со цел ЕК оваа есен да ја обнови препораката за пристапните преговори, имајќи предвид дека голем дел од реформските задачи бараат поддршка и од опозицијата.

На прецизираното прашање дали е технички изводливо за ЕУ и политички прифатливо од неговаа, да се поднесе апликација за членство и да се напредува под времената референца ПЈРМ, Заев одговори дека „знае дека ако се има пријателски однос, добар пристап може да се најде решение на се’“.

„Едно ми е јасно дека Македонија во периодот пред нас ќе се занимава повеќе со европската иднина отколку со европското минато, или минатото на нашите земји од самиот регион. Истовремено, сум свесен дека Грција е наш голем пријател и тие можат, секако, да застанат на нашиот процес во интеграциите, буквално на секое подглавје, вкупно 35 пати, но во моментот, ако Македонија даде причина градејќи дополнително пријателство со своите соседи, вклучително и со Грција, можеме да очекуваме дека ќе се створи во најмала рака, поголем позитивен амбиент за разговарање и за ова чувствително прашање. Јас знам дека на мојата земја и треба поддршка од соседите, и треба поддршка и од Грција и заради тоа знам дека пријателите, граѓаните на Грција преку владејачката партија и преку опозицијата, ќе водат грижа да и помогнат на Македонија на својот пат кон интеграциите во ЕУ и на својот пат кон интеграциите во НАТО“, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.