Заев докажа дека Мијалков не прислушувал, а материјалите ги добил од странски служби

Зоран Заев самиот се заплетка во сопствените лаги. Лидерот на СДСМ си даде автогол. Се докажа дека Мијалков воопшто не прислушувал, а дека Заев материјалите ги добил од странски центри. Заканувајќи се со „бомби“, претседателот од Бихаќка создаде страв кај македонските граѓани, но нанесе и директна штета на цела земја, анализира порталот „Курир“.

За само неколку дена овој политичар без никаков срам многу пати ги излажа Македонците. Потоа самиот си ги признаваше и негираше своите лаги, контрадикторно ги менуваше изјавите и продолжи со манипулации. Тој негираше дека го уценувал премиерот, па го призна тоа. Заев рече дека материјалите ги добил од Македонија, па докажа дека му се од странски служби. Лидерот на Бихаќка мислеше дека некој ќе му поверува дека сам слушал материјали за кои временски е потребно речиси три децении. Самиот се фати во лага и кога обвинуваше кој-кого прислушувал и кој дал наредба за такви делувања.

Мијалков го прислушувал Мијалков?!

Заев обвини дека директорот на УБК, Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски се наредбодавачи за прислушкување во државата и дека единствено нема снимки од нивните разговори.

Но, вчера Зоран Заев се погази себеси. Тој вчера докажа дека ниту Мијалков прислушкувал, ниту материјалите се од него. Напротив, Заев потврди на очиглед на целата јавност, дека материјалите се добиени од странски разузнавачки центри.

СДСМ вчера објави снимка од телефонски разговор на Мијалков. Среде помпезните најави и непоткрепени обвинувања, Заев сакаше некого да убеди дека Мијалков сам себе се прислушувал и дека издал наредба да се прислушува самиот себе?!Ова е потценување на интелигенцијата на македонските граѓани кои Заев ги потценува во континуитет.

Во поглед на содржината Заев денес пушти разговор меѓу, помеѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери. Искреираните материјали се однесуваат на тоа дали претседател на Врховен суд да биде Македонец или Албанец. Директорот на УБК, Мијалков, инсистира на таа функција да биде Македонец.

Лична закана од Заев за приватноста на граѓаните

Заканите се составен дел од политичкото делување на Заев. Опозиционерот кој претендира некогаш да дојде на власт деновиве ги уценува и заплашува сите граѓани на Македонија, меѓу кои и неговите сопартијци. Тој се терети и дека му се заканувал и го уценувал лично и македонскиот премиер.

Всушност, Заев ги натера граѓаните да преживеат вистинска голгота. Тие се плашат за својата приватност, што е основано откако овој човек неколкупати им посочи дека поседува снимки од нивните приватни разговори. Тој им упати лична закана дека “ги држи во рака“. Граѓаните не можат да бидат сигурни дека Заев некогаш и некаде, нема да ги употреби тие снимки против нив.

Со искривени материјали, Заев заканувајќи им се на граѓаните, всушност и се заканува на цела Македонија.

Заев ги загрозува националните интереси

Лидерот на СДСМ не можеше да се одлучи самиот со себе како да ги излаже македонските граѓани. Тој очигледно не поседува доволно капацитет за да застане зад своето тврдење. Прво рече дека материјалите ги добивал од странство, па се премисли и рече дека ги добил од служби од државава, па по принцип “пу-пу не важи“, уште еднаш ја смени приказната и кажа дека материјалите ги добил од граѓани-патриоти.

Она што и за експертите и за јавноста е кристално јасно, а и Заев го потвдри со последните настапи, е дека тиа материјали на Заев во раце ги дале странски центри и служби кои не и посакуваат добро на Македонија.

Напротив, “пријателите“ на Заев од надвор имаат за цел разнебитување, дестабилизација и штета за Македонија. Струмичкиот градоначалник заврши како инструмент во нивните раце.

Пандов: Заев се однесува како сериски убиец

Курир побара коментар од политичкиот аналитичар, Александар Пандов. Тој вели дека Заев секојдневно се заканува секаде и и на секого. За Пандов, однесувањето на Заев наликува на сериски убиец кому сите сме му потенцијални жртви.

-Мислам дека не постои граѓанин во државата на кого веќе не му е јасно дека главна цел на Заев и неговите странски соработници е да внесат страв и паника. Со своето однесување во стилот на пиштолџија од Дивиот Запад, Македонија и нејзините граѓани се под постојан притисок и сведоци сме на се поголемата поделеност меѓу населението. Атмосферата во државата е донесена до ниво како да имаме на слобода сериски убиец, а сите ние сме му потенцијални жртви. Повеќе мислам дека никој не се чувствува сигурен, затоа што никој не знае, освен врхушката околу него, кој ќе биде следна жртва. Сведоци сме како секојдневно прети и се заканува секаде и на секого. Негов таргет не се само членовите на владата, туку и новинарите, интелектуалците, религиозните претставници, бизнисмените, а после неговото последно телевизиско интервју, Заев најотворено им се закани и на неговите сопартици велејќи дека и за нив има прислушнувани материјали. Мислам дека е крајно време државата да преземе мерки и постапи согласно со законот и уставот и овој десперадос да го смести во установа која е предвидена за таквите ко него, вели Пандов за Курир.

 

Закани и уцени се својствени за Заев

Не е прв пат Зоран Заев да им се заканува на граѓаните од кои утре очекува да му ја дадат довербата. Овој политичар одамна остана без кредибилитет, човекот ги држи на “нишан“ сите граѓани. Уште пред повеќе од 4 години тој упатуваше закани дека тој „ќе јаде живи луѓе“ и дека голем број на граѓани ќе останат без работа.

-Ако почитувани социјалдемократи, пред се, ве прашаат, „што со претрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги брка. Ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт, ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија, рече Заев во 2010-та година.

Ескпертите се согласни дека разузнавачите од надвор, чекаа само слаба алка во земјава, личност подготвена за се, па дури и да и наштети на својата земја. Откако го најдоа Зоран Заев, почнаа со реализација на своите планови. Тој стана нивниот инструмент.

Зоран Заев внесе страв кај сите македонски граѓани. Кон нив упати лични закани. Но истовремено, тој нанесува штета на цела наша држава и нација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.