Заев е главен фактор за дестабилизација на државата

Зоран Заев е главниот инструмент за дестабилизација на државата и создавање на криза. Ваквите предупредувања се остварија со кумановските настани и насилните протести против полицијата во Скопје, пишува порталот „Курир“.

Зоран Заев во соработка со странски елементи и нивни агентурни мрежи спроведува сценарио чија активна цел е безбедносна криза и рушење на институциите по насилен пат. Најпрво дека ќе има судири и предупредувања за војна можеше да се забележи од комуникацијата која беше фатена помеѓу Верушевски и еден од осмничените за случајот Пуч, каде јасно Верушевски предупредува дека ќе има војна.

Во една од своите преписки на Скајп која беше обезбедена во истражната постапка првоосомничениот во „Пуч“ Зоран Верушевски му пишува неговиот агент Ѓорѓи Лазаревски дека во еден момент ќе има граѓанска војна.

graganska-vojnaverus

Зоран Заев со незаконски стекнати прислушкувани материјали добиени од странски служби сакаше да предизвика дестабилизација и девалвирање на државниот врв. Таквото сценарио во соработка со “пријателите од надвор” и со чадорот на Верушевски не му успеа. Граѓаните не поверуваа во креираните материјали на Заев со што тој почна со спроведување на насилството врз полицијата.

Постои видлива сихронизираност помеѓу делувањата на терористичката група во Куманово со насилните протести на СДСМ. Во моменти кога Заев организираше партиски членови да дивеат врз полицијата и да внесуваат страв меѓу граѓаните, тој обезбеди дефокус и терористичката група влезе во Куманово и се стационира во кумановската Дива населба. Потоа, првиот човек на СДСМ во деновите кога Македонија жалеше по животите на полицајците кои загинаа во антитерористичката акција отиде во кумановската Дива населбва и се сликаше насмеан до заби во прегратка со помагачите и јатаците на терористичката група. Тој во делирум дури го направи и знакот на УЧК со кренати два прсти во знак на додворување.

Индикативно е тоа што протестот на СДСМ кој го најави Заев беше првично закажан за 9 ти, но потоа без посебна причина беше закажан за 17 ти месецов. На 9ти се случија пукотниците во Куманово, а потоа се дозна дека во неделата кога СДСМ планира повторни насилни протести, поточно кон втората половина на мај, терористичката група планирала напади врз цивилни објекти, сеење на страв и паника и масовни недолжни жртви. Од ова се гледа дека постои целосна координираност помеѓу СДСМ Зоран Заерв и дејствувањето на групите кои преставуваа безбедносна закана. Станува јасно дека Заев е главниот фактор за нестабилност и дестабилизација. Зоран Заев со тоа станува и главниот инструмент за насилство и рушење на власта.

okezen thumb medium500 280

Негова намерна мета е полицијата која е задолжена прва да се спротивстави на било каков неред и хаос. Тој свесно ги намалува нејзините капацитети дефокусирајќи со секојдневни протести. Освен тоа што луѓето на СДСМ провоцираат со навреди врз македонската полиција како партискиот портпарол Петре Шилегов кој кажа дека полицајците си играат камај во Куманово во период кога се водеше најжестоката битка со терористите или сдсмовецот Бранко Тричковски кој посака смрт за полицајците, фокусот на Заев и разгорувањето на дебатата околу случајот Монструм и Смилковско езеро намерно играјќи на картата за меѓуетнички тензии.

Иако од материјалите кој ги објави за расветленото убиство на Нешковски, можеше да се утврди дека власта нема никаква вина ниту прикривала ниту премолчила ваков чин, Заев по секоја цена ги нападна македонските полицајци,

Радикализирањето на неговите методи на работа се гледаат и во најавите за спремање на насилни протести на 17ти мај. Веќе е познато и од информации кои се објавени дека Зоран Заев на 17 ти го гледа како датум во кој ќе се вложи се за да успее неговото сценарио-  датум за спас на неговатра кариера.

Имено веќе се знае дека се активирани тимовите за насилство од познати криминалци и сторители на тешки кривични дела кои ќе бидат ставени во функција на СДСМ. Познато е дека помеѓу толпите на СДСМ ќе има и лица со огнено оружје како и камиончиња кои се подготвени да ги наооружаат останатите присутни со реквизите за насилство истите онакви какви што беа употребени пред Владата кога беа фрлани камења, бекатон плочки, даски, и летво врз полицијата.

Овој пат мета ќе бидат и цивилни и деловни објекти. Главната логистичка помош со финансии и совети е препуштена на СОРОС со чии пари се врши медиумска хајка и брутално ширење на невистини. Во спроведување на нивното сценарио се вклучени и луѓе од надвор со искуство во созодавањето на хаос и насилни протести.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.