среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Пешевски: Ако Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, нека си даде оставка во Струмица

Поврзани вести

Доколку Зоран Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, ВМРО -ДПМНЕ го повикува да си даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори Премиерот Никола Груевски, истакна на денешната прес конференција членот на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Владимир Пешевски.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Пешевски:

ВМРО – ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за Претседател на Владата.

Тоа значи дека на 24-ти април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО – ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ.

Зоран Заев денес самиот се прогласи за иден премиер. Зоран Заев денес уште еднаш покажа што мисли за правото на граѓаните самите да судат и да одлучуваат. Зоран Заев, денес уште еднаш ги потцени сите гласачи.

Доколку Зоран Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, ВМРО -ДПМНЕ го повикува да си даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори Премиерот Никола Груевски.

Втората добра вест која денес ја слушна целокупната јавност е што Зоран Заев потврди дека после изборите во април веќе не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите.

Тоа значи дека граѓаните уште од денес може да бидат спокојни.  После 24-ти април Македонија уште порешително ќе зачекори по патот на eкономскиот прогрес и реформите, а не по патот на блокадите и деструкцијата.

Најчитани вести