Заев е соочен со цврсти докази за случајот „Поткуп“

Со цврсти докази од кои нема бегање и кои ќе ги натераат да се срамат и најтврдокорните поддржувачи на Зоран Заев. Вака извори од истрагата велат дека тече предметот за поткупот од 200.000 евра.

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица е свесен за тежината на доказите против него па очајно се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста со разни конструкции и манипулации. Извори од СДСМ велат дека во изминатата една недела откако полицијата му поднесе кривична пријава за корупција, Заев чудно се однесува. Неговите соработници сведочеле на нервозни сцени, добивале навреди и дрзок однос од лидерот на партијата, пишува Сител.

Заев и по една недела од пријавата не појасни зошто година и половина не пријавил доколку некој му понудил поткуп и зошто пријавата ја поднел дури откако институциите ја поднесоа кривичната пријава против него.

Полицијата го сомничи за побаран поткуп од дури 200.000 евра за приватизација на земјиште во Струмица. Парите ги побарал од струмички бизнисмен кој случајот го пријавил уште на 20ти декември 2013-та. Година и половина подоцна надлежните ја финишираат истрагата а Заев според пишувањето на Утрински весник не дал исказ ниту пред Јавниот обвинител со ветување дека тоа ќе го направи во понатамошната постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.