Македонија

Заев е во прегратка на странски служби, a во скутот на СОРОС

Заев е во прегратка на странски служби, a во скутот на СОРОС

СОРОС на Владимир Милчин е радикалното крило на опозицијата кое заговара и промовира граѓански конфликт и радикални сценарија. Со голем број на медиуми, платени со огромни суми на пари, СОРОС го направи Заев свој заложник, објави „Курир“.

Така, освен во прегратката и верноста на странските служби кои не и посакуваат добро на Македонија, опозицискиот лидер е и во рацете и скутот на СОРОС.

Во голема мера, неговите потези се диктирани од СОРОС-овиот институт кој ги финансира медиумите што работат како продолжена рака на опозицијата и истата гласно и бурно ја поддржуваат.

Во последно време, новинарите добро платени од СОРОС, се поставија себеси и во улога на советници на Заев. Често се случува овие новинари да го советуваат јавно па дури и да го прекоруваат по колумни доколку во некоја работа доволно добро не ги слушал.

Најчесто СОРОС-овите експоненти ќе излезат со некоја теза како онаа на новинарот и уредник Бранко Героски дека Заев морал сите креирани материјали да ги објави, за да по само два дена, лидерот на опозицијата даде интервју со истите тези, повторувајќи го истото.

Она што е загрижувачко е фактот дека овие првенци на СОРОС вработени во медиумите беа тие кои подолго време заговараат ескалација на настаните и шират говор на омраза.

Најважно од се е што тој прави луѓето од СОРОС да му бидат идоли.

Премиерот Никола Груевски говореше и за оваа тема на вчерашниот масовно посетен граѓански собир во Прилеп.

-Ги гледам како медиумите и невладините кои ги контролира Сорос, истите оние кои со веќе проверени и познати тактики пробуваат да искреираат тензии, па даваат и ултиматуми и повторно закани. Ситуацијата е всушност ваква. Освен што си ја дал душата кај нарачателите на сценариото од странство, лицето ЗЗ си ја продал и столицата кај соросовиот институт во Скопје и неговите први луѓе и пајташи. И така во СДСМ во моментов има освен страшна криза на лидерство, и една шизофрена ситуација во која прво Милчин излегува со став и го потсетува Заев што треба да прави и потоа следи некое „револуционерно“ интервју на Заев пак на некој портал или медиум финансиран од Милчин со кој го потврдува тоа што милчин или некој од таа групација веќе јавно го кажал. Толку понижувачки е тоа што ми е просто непријатно да го говорам. А тие луѓе паралелно на тоа со такво потценување говорат за него, видете не дека тоа не е вистина, тука единствено можам да се сложам со него, но дури ни нашите членови не го исмеваат така и не го имитираат како овие зад грб. А од друга страна тие му се идоли, до неодамна недостижни величини на кои веројатно им ги читал колумните и им се воодушевувал колку знаат убаво да пишуваат. Абе идоли, прави идоли. Е идоливе на Заев, инаку одамна пропаднати политичари со целосно и неповратно загубена доверба кај народот, сега тотално го контролираат СДСМ и му наредуваат на овој што да прави. Нормално за возврат на располагање му оставаат за да ја тера нивната кауза со над 10 милиони евра годишно со кои финасираат разни невладини и медиуми кои целосно ги контролираат, рече Груевски.

Очигледно е- Зоран Заев неможе да го испланира ниту следниот свој чекор. Тој не знае кој правец да го фати соочен со разобличувањето, фактите, признанијата и доказите.