Заев ги дрибла своите – Не гледајте што потпишав, само слушајте ме!

Со оглед на досегашните барања на опозициската СДСМ, не би било чудно партијата на Заев да побара укинување на ВМРО-ДПМНЕ за да победи на избори. Или пак да бара избор на поглавари на МПЦ и на ИВЗ, избор на спасувачи во аквапарк, на претседатели на судови, на месни заедници, на куќни совети…

Опозицијата е свесна дека нејзината деструктивна политика не поминува кај граѓаните и токму тоа ја плаши во април да ја побара нивната поддршка, пишува дневниот весник „Вечер“.

Потписите на Заев не се гаранција за предвремени избори

Експертите предупредуваат дека серијата потписи на Зоран Заев на договорите од Пржино и Брисел не се никаква гаранција дека на 24. април идната година ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Мислењето на експертите е дека социјалдемократите ќе направат се што е во нивна моќ за да побегнат од соочувањето со граѓаните.

 Договорот ништо не гарантира, само можеме да кажеме дека целата земја ја врати назад, од една сериозна страна, додека од друга беше сериозен исчекор напред од кризата која беше наметната и која државата ја врати десетина години назад. Мислам дека тој е многу комплициран, навлегува во толку закони, од Уставот па во закони, во многу пори од општественото живеење и мораме да бидеме сите загрижени дека на крајот на краиштата силата која не сака избори ќе најде, една, две, сто причини да избега од нив, вели Ристо Никовски, политички аналитичар, пренесува „Вечер“.

СДСМ поставува барања само за да не бидат прифатени

Аналитичарот Ристо Никовски вели дека по потпишувањето на договорот од 15 јули СДСМ преку медиумите кои ги држи под контрола константно испорачува нови барања кои не се дел од договореното. Од директор на МРТВ, преку прв човек на УЈП, претседател во Агенцијата за медиуми, до свој јавен обвинител и шеф на Бирото јавна безбедност.

Тој додава дека СДСМ поставува барања само за да не бидат прифатени.

Ако некој не сака не можете да го натерате со сила. И да го натерате со сила пак ќе избегнува и на крај веројатно ќе избега. Сите тие додатни барања, измислици ако сакате, сите одат во една иста насока, да се направи се да се избегнат изборите наредната година, вели Никовски.

Тој смета дека опозицијата е свесна дека нејзината деструктивна политика не поминува кај граѓаните и токму тоа ја плаши во април да ја побара нивната поддршка.

Народот никогаш не греши

Па јасно е дека гласачкото тело не им е наклонето, и последната анкета и од порано е познато дека еден голем дел од народот ја поддржува владејачката партија, бидејќи факт е дека тие многу направија. Грешеа, не е спорно. Непотребни грешки направија. Но, знаете, народот цени на крајот на краиштата и не можете да го излажете. Што и да направите, народот секогаш цени и никогаш не греши – вели Никовски.

СДСМ ќе продолжи да испорачува барања. Во таква ситуација, ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача свои барања како што е поставување на свој извршен директор и комплетно раководство на фондацијата СОРОС, која претставува партиска институција на СДСМ, објави весникот.

 

 

Имено, опозициската СДСМ  нејзиниот лидер Зоран Заев се свесни за својот рејтинг, за кој анкетите покажаа дека е двојно помал од оној на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што е причина плус за бегање од избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.