Заев ги наградува оние кои вперија пиштол во граѓаните

Партискиот војник на СДСМ вработен во Министерството за внатрешни работи, кој инаку требаше да се соочи со висока казна затвор поради тоа што извади пиштол и пукаше по наредба на партиски челник во Собранието во немирите од 27 април, Ацо Ангеловски, не остана заборавен од сегашниот премиер Зоран Заев, кој го поставил за началник на Шестата управа во МВР.

При отворањето оган од Ацо Ангеловски, или „Аце полицаецот“, како што го нарече челникот на СДСМ Зоран Заев во телевизиска емисија веднаш по немилите настани во Собранието испровоцирани од нелегалниот избор на Талат Џафери за собраниски спикер, од рикошетот на куршумот беше повредено едно помладо лице кое беше пренесено во Градската болница каде му беа санирани повредите, но милиметри недостасуваа за да дојде до трагедија по којашто никој повеќе не ќе можеше да предвиди како ќе се одвиваат настаните.

Ацо Ангеловски инаку беше официјално обезбедување на Оливер Спасовски, кое го наследи како технички министер за внатрешни работи согласно Пржинскиот договор. Вработен е во МВР, но функционира како партиски војник на СДСМ, и очигледно нема допирна точка со законот кој треба да го спроведува, имајќи предвид дека чекал наредба и барал дозвола од неговиот партиски шеф да пука во народот.

18197498_10211848099985161_722532675_n-640x351

Заев тогаш потврди дека двајца полицајци од обезбедувањето на неговиот партиски потпретседател Оливер Спасовски, сегашен министер за внатрешни работи, биле тие што извадиле огнено оружје а едниот од нив и пукал по што од рикошет беше ранет еден граѓанин, а уште отогаш се наметна прашањето како одредени лица кои се ставиле во заштита на тогаш пратениците на СДСМ, воопшто можеле да внесат огнено оружје во Собранието.

Заев во гостувањето во „Топ Тема“ тогаш рече дека му потврдил на еден член од обезбедување да испука со пиштолот. Заев објасни дека „телохранителот Аце“ пукал двапати.

„Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати“, рече тогаш Заев.

Инаку Законот за Собрание децидно и јасно предвидува дека личностите кои ги обезбедува МВР, во момент кога ќе влезат во законодавниот дом се под заштита на собраниското а не нивното обезбедување. Дополнително носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено.

Членот 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека „одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“

Во ставот три од истиот член пишува дека „носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.“

Полициски службеник без посебно барање за тоа и без одобрение не смее ниту да влезе, а уште помалку да носи оружје во законодавниот дом. Овие ставови од членот 43 всушност значат дека личностите кои ги обезбедува МВР кога ќе влезат во Собранието се под заштита на собраниското, а не на личното обезбедување.

Очигледно ваквата, благо речено, непресметливост за можните последици од одредени дејствија е природен на  Заев. Зашто доколку беше поинаку, ниту „полицаецот Аце“ кој вади оружја на сопствените сонародници не би бил именуван на функција. Уште помалку би бил потпишан договор штетен по сопствената држава, како овој неодамна постигнатиот со Бугарија од кој допрва ќе произлегуваат правни проблеми за Република Македонија, а, исто така, ниту мајчиниот македонски јазик би бил изедначуван според важноста со јазик кој го зборува малцинска заедница во земјата.