Заев ги повика граѓаните на смиреност

Лидерот на СДСМ ги повикува граѓаните на смиреност и присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликти и дестабилизација на Мекдонија.

– Го повикувам Никола Груевски да излезе пред граѓаните и да објасни кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира државата. Дали и зошто криминални структури од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија. Кој ги организира и со каква цел. Истата тоа треба да го направи и Ахмети – рече Заев.

Според него, жртви на акцијата се и Македонци и Албанци, и полицајци и цивилно население.