Заев ги претстави предлозите за заменици министри

По неколкукратно претходно одлижување, сепак, започна собраниската седница на која пратениците ќе ги гласаат предлозите за заменици министри во Владата, а премиерот Зоран Заев обраќајќи се до пратениците рече дека биографиите се речиси цела седмица поделени на пратениците, и дека изборот на замениците е избор на „професионалци и експерти“.

„Го движиме делокругот на извршната власт на две шини, едната на реформи, другата на подобрување на стандардот на граѓаните. Изградивме стратегија рамноправно распределување на задачи на сите функционери кои треба да бидат сервис на граѓаните“, рече Заев.

За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу, за правда Оливер Ристовски, за надворешни работи Арта Точи, за финансии Ширете Елези, за економија Кире Наумов, за шумарство и водостопанство Власте Димковиќ, за здравство Гоце Чакаровски, за труд и социјална политика Елми Назири, за локална самоуправа Дејан Павлевски, за заменик за култура Владимир Лазовски, за информатичко општество и администрација предложен е Владимир Бајдевски, за транспорт и врски Ремзи Мехмети и за заменик министер за животна средина и просторно планирање предложен е Јани Макрадули.

„Императивот на владата е да знае дека парламентот е тој што ги креира политиките и наша должност е да го испочитуваме Парламентот кога нашето присуство овде е неопходно и а бидеме поставени на својот дел од извршноста дадена и делегирана од Собранието. Луѓето предложени овде знаат дека ќе добијат одговорна задача да ги извршуваат задачите според законите и уставот со цел подобрување на животот на сите граѓани на Македонија“, рече Заев.