Алфа ТВ: Заев ги враќа Игор Ивановски и Гордан Георгиев во раководните органи?

Зоран Заев продолжува да му се додворува на Бранко Црвенковски, и ги враќа Игор Ивановски и Гордан Георгиев, откриваат партиски извори за Алфа телевизија.

-Игор Ивановски и Гордан Георгиев се враќаат во игра. Партиски извори од СДСМ незадоволни од додворувањето на лидерот Зоран Заев кон Бранко Црвенковски откриваат дека Заев сакал да има целосна поддршка од поранешниот лидер и му предложил Игор Ивановски и Гордан Георгиев, кои беа и првиот избор на Црвенковски во спроведување на политиките додека тој ја водеше партијата, сега се предлага тие повторно да бидат во највисоките партиски органи, пишува Алфа телевизија.

Ваквиот чекор во партиските редови се толкува како барање на благослов од Црвенковски за политиките на Заев но и вина поради тоа што овие двајца членови на партијата не беа ставени во партиксите листи ниту пак во ниту една комбинација на последните парламентрани избори. Извори за Алфа откриваат дека Заев размислува во следниот период да ги врати во игра и да ги стави во први редови и Јани Макрадули и Горан Минчев.

-Инаку Заев веќе постави најголем дел од најблиските соработници на Црвенковски во партиските органи. Како што е познато меѓу нив се Рената Десковска, Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и Радмила Шеќеринска. Незадоволните партиски членови велат дека лидерот Заев лута во своите политики и не е на сигурна земја под нозете. Чести биле кавгите во редовите на раководството и неговото често ретерирање по што луѓето кои еднаш ги дистанцирал сакајќи да наметне кредибилитет потоа се премислувал и повторно ги враќал во игра. Ваквата нестабилност на Заев во раководството на партијата кај многу членови во СДСМ предизвикала револт и негодување, пишува Алфа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.