Заев го честита Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го празнуваат големиот празник Рамазан Бајрам.

„Вам лично, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и оние кои го чествуваат празникот, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз упатувам искрени честитки за големиот верски празник Рамазан Бајрам.

По светиот месец на пости и молитви, празничните денови нека продолжат во спокој, со мир во душата, љубов и внимание, трпение и разбирање, почитување и толеранција, со споделување на овие духовни вредности меѓу најблиските и со сограѓаните во Република Македонија.

Посветувајки се на овие базични темели на човековата личност и заедничкиот живот, покажавме дека можеме да бидеме единствени, посилни, поподготвени за надминување на предизвиците кон обезбедување среќен и достоинствен живот за сите граѓани во општеството во кое што живееме и повикувам заеднички да продолжиме по тој пат“, стои во честитката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.