Заев го достигна врвот на монструозноста, злоупотребувајќи ја смртта на еден млад човек

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска,  тврди дека телефонските разговори кои ги објави Заев на денешната прес конференција во врска со убиството на Мартин Нешовски се сечени и монтирани кои лидерот на опозицијата, Зоран заев ги користи за политички профит.

Таа на денешната прес-конференција посочи дека Заев денеска го достигнал врвот на монструозноста, поигрувајќи се со емоциите на најгруб начин злоупотребувајќи ја трагичната смрт на еден млад човек.
„Покажа дека за да оствари политички профит е буквално спремен на се’.Повеќе од три месеци Заев најбрутално се изживува врз една група луѓе, вклучувајќи ме и мене. Не престанува да не’ претстваува на начин, каков што може да замисли само еден болем ум. На такво нешто нема човек што може да остане рамнодушен. Досега, повеќето од нас се воздржувавме од коменатри и покрај нападите кои беа од најдолен тип. Но, сепак, јас денес одлучив да реагирам затоа што во неговата политичка агенда, на еден најмонструозен начин ја злоупотреби трагичната смрт на еден млад човек“, истакна Јанкуловска, која додаде дека Заев и СДСМ очигледно се соочени со силата на доказите и немањето поддршка од граѓаните, па продолжуваат да објавуват материјали кои немаат никаква врска со реалноста и да го свртат вниманието на јавноста само поради емоциите кој ги побудува овој случај.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.