Заев го фали светскиот мешетар сомничен за корупција: Обрадовиќ е квалитетен кадар

За премиерот Зоран Заев лицата со скандалозно и криминално минато биле квалитетни кадри, па така за Александар Обрадовиќ кажа дека е „квалитетен кадар од областа на енергетиката“

Македонските медиуми веќе објавуваа детали за контроверзно минато на Обрадовиќ, кој од директорското место на ЕПС (српското електорстопанство) беше сменет минатиот март поради измами во тоа претпријатие.

Премиерот Заев во средата потврди дека Обрадовиќ е еден од кандидатите за директор на ЕЛЕМ, инаку Обрадовиќ пред околу една седмица доби македонско државјанство по итна постапка, пишува Курир.мк.
Министерството за внатрешни работио во овој случај се повика на членот 11 од Законот за државјанство, во кој стои дека лице може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес. Ова претставува злоупотреба на членот 11 од законот, бидејќи навистина тешко е да се види сфера во која лице со такво сомнително и криминално минато, би имал посебен придонес за државата, заклувачува Куирир.мк.

„Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи по автоматизам дека ќе биде директор. Да, тој е една од опциите за директор во ЕЛЕМ. Сепак, сѐ уште не знаеме кој од политичките субјекти ќе преземе одговорност врз која институција“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

По ова се поставува прашањето како може Обрадовиќ да биде квалитетен кадар за директор на ЕЛЕМ, кога тоа е човекот кој буквално го уништил српското електростопанство ЕПС, а сега новата власт го подготвува и го претставува како квалитетен кадар за истиот сектор во Македонија.

Српскиот портал Информер пишуваше дека Обрадовиќ бил еден од главните луѓе кои на Заев му помогнаа да дојде до премиерското столче, иако не ја доби довербата од граѓаните на изборите, а дека како ветување од новиот премиер го добил директорското место во ЕЛЕМ.

Беше пишувано и за контроверзното, полно со скандали и криминално минатото на новиот македонски државјанин и како што кажа премиерот Заев, кандидат за директор на ЕЛЕМ, Александар Обрадовиќ.

Најголемите афери на Обрадовиќ

1. Невниманието го плаќаат граѓаните на Србија.

Не ја осигурал компанијата од поплави, што се покажа погубно во мај 2014 година, кога цела Србија беше под вода. Меѓу нив биле и „Електростопанство Белград“, хидроелектраната „Џердап“ и „Југоисток“, а РБ „Колубара“ претрпе најголема штета, проценета на 100 милиони евра, додека вкупната е повисока од 300 милиони евра. Тие имале полиси кај „Дунав осигурување“ или кај ДДОР Нови Сад, кои не покривале поплави.

2. Десет милиони евра за советници, во време кога компанијата имала загуби

Во средината на 2013 година Обрадовиќ и покрај загубите на компанијата од околу 20 милиони евра, распиша тендер за ангажирање на осум консултантски куќи за кои беше спремен да плати околу 10 милиони евра. Обрадовиќ барал советници кои би му помогнале во работите кои можеле да ги покријат 600 директори, колку ги имаше тогаш во ЕПС.

3.Судир на интереси

ЕПС милионски вредна зделка ја додели на чешката филијала на консултантската фирма „Артур Д.Литл“ во која Александар Обрадовиќ претходно со години работел. Зделката ја добија иако нивната понуда не била најповолна. Истовремено, тендерот бил распишан динари, но ЕПС на Чесите им склопиле работа во девизи, поради што само на курсните разлики ЕПС платил 10 милиони динари повеќе отколку што во јавниот повик било прецизирано.

4.За логото на ЕПС 42 милиони динари

За промена на визуелниот идентитет на ЕПС издвои нешто помалку од околу 42 милиони динари. За логото 21 милион, а за маркетиншката кампања 20,9 милиони динари.

5.Дипломатски скандал со Кинезите

Во текот на самитот на Кина и 16 држави од централна и источна Европа во Белград предизвика дипломатски скандал. Јавноста дознала од СМС преписки на Обрадовиќ со Горан Ѓоковиќ (чичкото на Новак Ѓоковиќ) дека кинескиот амбасадор Ли Мачан бесен излетал од зградата на Владата на Србија, кога дознал дека Србија сака да го менува договореното.

6.Разонода за директорите

Раководителите на ЈП ЕПС, во ноември 2015 година потрошиле скоро четири милиони динари на организирање стручен собир во хотелот „Извор“ во Аранџеловац. Собирот „Корпоративно управување“ траел три дена, а хотелот е избран без тендер.

7.ЕПС ги заобиколил правилата

ЕПС се обиделе да ги заобиколат правилата за заштита на животната средина на Светскта банка и така да добијат 30 милиони долари за испумпување вода од ископините на јаглен кај Лазаревац. Светскта банка поради тоа ги стопирала преговорите, па и целиот и целиот процес на испумпување вода каснел.

8.ТВ ѕвезда

Ја смени главната соработничка за односи со медиумите, затоа што не успеала да ги сопре текстовите на „Блиц“ во кои тој бил главен актер. Неа на местото шеф на Секторот за односи со медиуми, ја замени познатата ТВ ѕвезда, поранешна уредничка и водителка на Телевизија „Прва“, Звездана Јовановиќ Поповиќ.

9.Луксузно летување

Покрај упорните повици од тогашниот премиер не само граѓани и политичарите да ги остават парите за летување во Србија, Обрадовиќ одмараше во луксузниот хотел „Регент Порто Монтенегро“ во Тиват, место кое го нарекуваат „црногорско Монако“. Преноќување во овој хотел чини околу 1000 евра.

10.Љубител на естрадата.

Александар Обрадовиќ на почетокот на својот мандат покажа склоност кон естрадните и познати личности. Имено, тој како свој асистент ја вработи Драгана Милошевиќ, која на таа функција дошла со искуство на балерина во емисијата на продукцијата Гранд. Претходно волонтирала во информативната служба на СНС.

Граѓаните гласно прашуваат дали во Македонија нема доволно добар кадар, ако се знае дека ЕЛЕМ во минатиот период реализираше доста проекти за подобрување на енергетската состојба во држава, па мора да се става странски директор, кој има доста контроверзно минато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.