Заев го крши пржинскиот договор, Јанева параван за изговори и кршење на законите

Опозицискиот лидер, Зоран Заев смислува изговори за да не ги предаде материјалите до Специјалното јавно обвинителство.

Условите за Катица Јанева да ги прими материјалите се обезбедени. Беше обезбеден посебен сеф кој Владата го даде за СЈО. Истовремено, на Јанева и беа обезбедени и другите барања, како посебни простории кои веќе ги доби, пишува Курир.

И полицијата е во рацете на СДСМ

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од , освен што на барањето на Јанева може да изврши обезбедување на тие материјали, обврзан е како и сите други да ги почитува законите и има обврска да ги обезбеди тие материјали до СЈО.

Во смислувањето на изговори да не се почитува законот, СДСМ е креативна партија па отиде до таму да условува со Законот за обвинителска служба, но во суштина тој закон нема никаква врска со обезбедување на услови за материјалите.

На крајот се поставува прашањето како СДСМ има услови, а Јанева со сите исполнети предуслови за функционирање немала услови за чување на материјалите. Дотолку повеќе, доказ дека Јанева има услови, но нема волја кај прозваните да се предадат материјалите е фактот што веќе Јанева превзема повеќе случаи во Јавното обвинителство.

Очигледно, специјалната јавна обвинителка се користи како параван за кршење закони во служба на СДСМ и стана очигледен партиски послушник и соработник на Заев.

На сето ова, отвора и друга димензија, а тоа е дека Заев материјалите продолжува да ги користи за уценување и дисциплинирање на своите и очигледно е дека ако не се тие, Заев не е актуелен во политичкиот живот.

Дека Заев свесно го прекршува договорот од Пржино, говорат и експертите. Универзитетскиот професор Александар Даштевски, во изјава за Алфа вели дека овие материјали, Заев очигледно има цел, дополнително да ги користи.

sef

-Евидентно е дека тие сега ги креираат повторно и прават други. Еве гледаме на социјалните мрежи имаше неколку искреирани материјали, кои неспорно е сега за разлика од тоа што тврдеа дека не се сечени и лепени, дека се сечени и лепени. Даваат само по неколку збора од секој материјал, го користат секој момент додека не се најде начин како тие материјали да се одземат за да не се користат повеќе, вели тој.

Според професорот, Јанева има можност да ги добие материјалите.