Заев го објави тимот, истите луѓе повторно на клучни позиции

Истите луѓе си делат функции во СДСМ. Лидерот на партијата Зоран Заев на денешната прес-конференција повторно не соопшти формирање на влада во сенка, туку само ги повтори имињата на своите клучни луѓе во партијата, нешто кое цела македонска јавност веќе го знае.

Заев сопшти дека направен е вториот чекор за политичко дејствувањена СДСМ, откако на вчерашниот состанок на Извршниот одбор на партијата биле избрани петмина извршни директори кои ќе носат одлуки за делување на партијата и заедно со него ќе ја координирале работата на 17 комисии.

Pres 1

Клучните функции ги добија истите тие луѓе кои веќе со години се на раководни фунции во партијата. Потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска е поставена за извршен директор и претседателка на Комисијата за надворешни работи. После ова, нејасно е каква точно фунција има Шекеринска во партијата, бидејќи таа е и заменик претседател на партијата и извршен директор и претседателка на Комисијата за надворешни работи?!

Генералниот секретар Оливер Спасовски е именуван за извршен директор задолжен за комисиите за внатрешни работи, за правда и за одбрана, а додека извршна директорска функција добија и потпретседателите Ванчо Узунов, Дамјан Манчевски и Александар Кирацовски.

Узунов е извршен директор задолжен за комисиите за финансии, економија, труд и социјална политика, додека Манчевски за земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт и врски. Александар Кирацовски е извршен директор задолжен за комисиите за здравство, за образование и наука и Комисијата за култура.

Z.Zaev 2

Одговарајќи на прашањето дали ова е влада во сенка, Заев одговори негативно.

-Апсолутно не. Од самиот старт на објавувањето на нашите чекори со сите 4 столба од стратегијата на опозицијата внимателно кажувавме. Правиме пандан на институциите на РМ. Тоа сме од државно до локално ниво, рече Заев.

Ваквата распределба на фунциите веднаш наиде на потсмев каj јавноста, бидејќи истите луѓе си делат функции во најголемата опозициска партија. Според првичните реакции, дури и дел од членството на партијата се шегува на сметка на раководството, коментирајќи дека “нема толку ѕвезди на небото, колку што Радмила Шекеринска може да има функции во СДСМ“.

Покрај на клучните извршни директорски функции, истрошени и веќе познати кадри се поставени и на 17-те комисии за кои е најавено да бидат “постојан коректив на државните институции“. Тука се имињата на луѓе кои веќе доживеаа катастрофален пораз на предвремените парламентарни избори и на стари и истрошени кадри, како Лидија Димова, Цветанка Иванова, Фросина Ременски, Рената Дескоска, Кире Наумов, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и други.