Заев го продаде СДСМ за да се спаси од судење

Заев го продаде СДСМ за да се спаси од судење
Заев го продаде СДСМ за да се спаси од судење, фото: Вечер

Според анализата на „Вечер“ на последните политички случувања во земјата станува јасно дека лидерот на социјалдемократите Заев го продаде СДСМ за да се спаси себе си од судење.

После сè што направи Заев нема техничка влада, владата ја води ВМРО-ДПМНЕ до избори, СДСМ нема министри во финансии, МВР и правда што СДСМ изрично бараше. Во договорот нема обврска за смена на досегашниот јавен обвинител. Има само запирање на судската постапка против Заев што е негов личен ќар, а СДСМ не доби ништо особено, пишува весникот „Вечер“.

Изборите ќе бидат брзо во април како што бараше ВМРО­ – ДПМНЕ, не за две години како што бараше СДСМ. „Вечер“ дознава дека повеќе од половина време и енергија, Заев на преговорите ја искористил за запирање на сите судски процеси против него до одржување на изборите. Според информациите на Вечер, никаде не е напишано, но е прифатено да се одложи судењето за Пуч. Не му е прифатено одложување на процесите за корупција, бидејќи како што работи Зоран Заев­ сигурно дека ќе има нови случаи на корупција до изборите.

Весникот повикувајќи се на сопствени извори пишува дека Заев одбивал да го потпише договорот. Еврокомесарот Хан им предложил на Груевски, Ахмети и Тачи да го потпишат, без разлика што Заев одбивал. Потпишал во последниот половина час, откако Хан му кажал дека и без негов потпис договорот стапува на сила!

Хан: Постигнавме договор потпишан од лидерите

Хан до Заев: Немаш чувство за политика, а сакаш да бидеш премиер
Хан: Постигнавме договор потпишан од лидерите

-Можам да ви кажам дека постигнавме договор потпишан од лидерите на најголемите четири партии и задоволен сум од постигнатото, изјави Хан по средбата со лидерите на ВМРО­-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Хан нагласи дека лидерите се согласиле за предвремени парламентарни избори и оти фокусот понатаму ќе биде на имплементација на извештајот на Прибе и на останатите препораки на Европската комисија.

-Ова е извонреден ден за вашата земја кој ја отвори многу широко вратата на вашата евроатлантска перспектива, рече Хан. Според него, ова е перфектен момент за Македонија и меѓународната заедница ја препознала потребата да и помогне на земјата, која е подготвена да ги исполни потребните реформи. ­ За ова беше постигната согласност вечерва, рече еврокомесарот.

Политичките лидери брзо да го спроведат договорот и во добра волја

По успешно постигнатиот договор за ставање крај на политичката криза во Република Македонија, главните посредници од Европската унија меѓу македонските политички партии, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, излегоа со заедничка изјава што писмено ја лиферуваше Европската комисија.

Во својата реакција ја поздравија посветеноста на договорот од страна на четирите главни политички партии во Македонија, по, според нив, конструктивните преговори во Скопје на 14­ ти и 15­ти јули. ­

-Овој договор се базира на договорот од 2-­ри јуни и вклучува враќање во парламентот на СДСМ, организација на нова Влада што ќе ги подготвува изборите што ќе се одржат на 24 април 2016 година и за назначување на Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите. По неколкумесечен олеснуван дијалог, ние ја поздравуваме силната посветеност на политичките лидери за евро­атлантската интеграција и европската перспектива. Ова е важен чекор во надминувањето на актуелната криза и кон решавање на клучните предизвици со кои се соочува земјата, порачува европската четворка.

Во нивната заедничка изјава, комесарот Хан и европратениците Кукан, Ховит и Вајгл, исто така побараа  „политичките лидери во земјата сега мора брзо да го спроведат договорот во добра волја“.

-Ние сме подготвени да работиме со сите страни за да се обезбеди целосно спроведување на сите аспекти на овие обврски, вклучувајќи ги и препораките на Еврокомисијата за итна реформа на системски прашања од владеењето на правото. Европската комисија и Европскиот парламент ќе го следат внимателно спроведувањето на овој договор во наредните месеци, се вели на крајот во заедничката изјава на Хан, Кукан, Ховит и Вајгл.

Иако лидерот на опозицијата се обиде договорот да го покаже како голем триумф за опозиционерите и како целосна капитулација на владата, сепак станува јасно дека самиот Заев го продаде СДСМ, за да се спаси од судење. Нема техничка влада, владата ја води ВМРО-ДПМНЕ до избори, СДСМ нема министри во финансии, МВР и правда што СДСМ изрично бараше.