Заев го смирува Села со 20 значајни раководни позиции

По јавните закани на Зијадин Села и Алијансата на Албанците за нивно напуштање на Владата на СДСМ, Зоран Заев му ги исполнил сите барања и желби на Села, што довело до краткорочен спас на Владата, но добиените раководни позиции на Села предизвикале бурни расправии и огромно незадоволоство во СДСМ, објави порталот Јавно.мк.

Зијадин Села и Алијансата на Албанците, со само 3 пратеници, добиваат 20 многу влијателни институции и тоа:

– КПД Идризово
– Државен Завод за ревизија,
– Републички совет за безбедност,
– ЈП Јасен,
– Стоматолшки клинички центар,
– Државен пазарен инспекторат,
– Биро за судски вештачења
– Државно Правобранителство на РМ
– ЈЗУ за нефрологија во Струга,
– ЈЗУ клиника за очни болести
– Градска библиотека Скопје ( НУБ Климент Охридски),
– Агенција за енергетика,
– Биро за равој на образование,
– Државен испитен центар,
– Државен инспекторат за шумарство и ловство,
– ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Струга,
– Институт за духовно наследство за Албанците,
– ПИОМ и
– Управа за имотно-правни работи.

Дел од раководството на СДСМ биле многу лути за Државен пазарен инспекторат, Биро за развој на образование и Заводот за ревизија. Побунетите социјалдемократи истакнуваат дека станува збор за многу влијателни установи, кои дури се повлијателни и од некои министерства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.