Заев го соопшти можното референдумско прашање

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?

Ова би можело да биде прашањето за претстојниот референдум во однос на договорот меѓу македонската и грчката влада за промена на името на Македонија во Република Север Македонија, изјави Зоран Заев.

Тој дополни и дека потребно е референдумот да биде консултативен.

Заев изјавата ја даде по завршувањето на вчерашната неуспешна лидерска средба која ја закажа во Клубот на пратеници.