Заев во грчки дрес, додека Македонија ја губи препораката

Немакедонското однесување на Заев за време на преговорите единствено што може да придонесе е Република Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговори со Европската Унија која земјава ја добива веќе шеста година по ред. Таквиот резултат и оди во прилот на Грција. По додворувањето на Албанците, очигледно Заев со нова, негативна за Македонија, стратегија. Овој пат во грчки дрес и за интереси спротивни на македонските.

„Курир“ повикувајќи се на резултатите на анкетата на Брима Галуп нагласува дека станува сè појасно оти СДСМ и Заев бегаат од избори бидејќи се свесни дека истите ќе ги загубат, што јасно се гледа од анкетите.

Резултатите од спроведена анкета на Брима Галуп агенцијата прогнозираат нова победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски на следните парламентрани избори. Владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Дополнително премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. За македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива три пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните. Овие резултати се уште една потврда дека СДСМ се свесни за поразот и сакаат да ги растурат преговорите преку поставување на преголеми барања кои би довеле од одложување на изборите, нешто што на опозицијата по ваквите анкентни резултати и одговара, пишува Порталот.

СДСМ и Заев бараат Албанец шеф на специјалците

Дополнително…