ЕКСПЕРТИ: Заев се однесува како Хитлер пред падот на Берлин

Според аналитичарите и експертите, Заев се однесува како Хитлер пред падот на Берлин. Лидерот на СДСМ е свесен дека ја нема поддршката од народот, па се обидува да го казни.

По резултатите од анкетите на сите релевантни институции и по информациите дека неговиот рејтинг се повеќе опаѓа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев продолжува со деструктивната политика. Свесен дека ја нема поддршката од народот, тој тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците, земјоделците, стопанството…

По само неколку недели откако СДСМ доби власт во дел од министерствата народот веќе на дело почна да гледа што им нуди партијата која веќе неколку години се обидува да дојде на власт без избори.

По само неколку недели од владеењето на СДСМ пензионерите се загрижени за своите пензии, социјалците за социјалната помош, администрацијата за платите, земјоделците за субвенциите, стопанството за повратот на ДДВ…  И сето тоа поради само една одлука. Имено, поради одлуката за ветото од страна на дополнителниот министер за финансии Кире Наумов, незивесна беше исплатата на пензиите, платите, социјалната помош, субвенциите, повратот на ДДВ итн.

Само што на народот му олесна откако ДИК донесе решение со кое го оспори ветото на Наумов, Заев свика итна прес конференција на која најави дека ќе ги употреби сите механизми за да ја оспори одлуката на Државната изборна комисија.

Според аналитичарите и експертите, Заев се повеќе наликува на Хитлер пред падот на Берлин. Тој е свесен дека ја нема поддршката од народот, па се обидува да го казни. По информациите за катастрофалниот пад на рејтингот, Заев е свесен дека пропаѓа, па се обидува со себе во калта да ја повлече државата и народот. Свесен е дека народот ја прочита неговото деструктивна политика и  не му дава поддршка, па се обидува да го казни.

Каракамишева: Заев и правниците од неговиот тим треба да знаат што значи терминот конечна и извршна одлука

Универзитетската професорка…