Заев и Атина со исти обвинувања: Груевски не прави ништо за решавање на името

Лидерот на опозицијата во Македонија Зоран Заев како измамник го претставува Никола Груевски, додека кампањата во соседната земја избега од секаква мера, се вели во текстот на грчки „Дифенс поинт”, портал со националистички содржини кој што пред само неколку денови објави дека според СДСМ, премиерот Груевски имал заземено “премногу тешка позиција кон Грција”.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчкиот онлајн медиум овој пат објавува изјава на Заев која што целосно се совпаѓа со грчките обиди македонската страна да ја прикажат како неконструктивна во разговорите за името.

„Тој (Заев) го обвини Груевски дека го остави својот народ да пати од социјална неправда и од повреди на демократските институции, без да стори ништо за да ја направи Македонија член на НАТО и на ЕУ, имплицирајќи на решавање на името со Грција”, се вели во текстот на „Дифенс Поинт ”.

Иако со нејасни позиции во однос на решение на прашањето со Грција, се чини дека Пендаровски, Заев и Шеќеринска се јасни и едногласни единствено во критиките насочени кон македонската страна во разговорите и кон македонската црвена линија. Нивните обиди да докажат дека Македонија е таа што наводно имала заземено тешка позиција кон Грција се секогаш добредојдени аргументи за јужниот сосед.

Медиумско внимание во Атина предизвика и една од последните изјави на Пендаровски според кого македонската страна била таа што “ги злоупотребувала разговорите за името во Обединетите Нации”.